Вчера во 13,30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат с.Јелошник-с.Глоѓи, на место викано „Црвеница“ атар на с.Глоѓи, Љ.С.(53) од с.Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел.

Љ.С. починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.