Едно лице загина, а сопатник е повреден во тешката несреќа што се случила вчера во 18.45 часот на автопатот Тетово-Скопје.

Во СВР Тетово било пријавено дека додека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј.(52) од тетовски Копачиндол му се слошило и излетал од коловозот.

По незгодата, тој и сопатникот А.И.(62) од истото село биле пренесени во тетовската Клиничка болница, каде што кај Ш.Ј. лекарите констатирале смрт, додека сопатникот завршил со телесни повреди.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.