Едно лице загина вчера поплатне на локалниот пат во с.Глуво, скопско.

Како што соопшти МВР Г.Ј.(43) од с.Глуво, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска Река, по што бил изваден од случаен минувач.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.