При изведување градежни работи на на Градскиот стадион во Битола, вчера наутро Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога.

Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.