Вчера во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крстец, прилчепско, до дрво во дворно место од семејната куќа бил пронајден починат К.Т.(70) од Прилеп.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а кај него биле забележани повреди, најверојатно при пад од дрво. Тој во текот на денот бил виден како бере јаболка од дрвото.
Увид на место извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.