Пешак вчеравечер им подлегна на тешките повреди здобиени откако во него удрило возило.
Несреќата се случила вчера во 18,00 часот во Виница на ул.„Крушевска Република“, кога патничко моторно возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Виница, удрило во пешакот М.Г.(66) од Виница.
По незгодата М.Г. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.