Охриѓанка им подлегна на тешките повреди откако вчера во 18.30 часот беше прегазенана ул.„Сирма Војвода“ во Охрид.
Како што соопшти МВР, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешак М.Т.(58) од Охрид.
М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите.
На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.