Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 23.00 часот на локалниот пат с.Палатица – Желино.

Како што соопшти МВР, сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од с.Палатица тетовско.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.