Во СВР Велес синоќа во 04.00 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредниот бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид – информира Додевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.