Дете загина во соораќајна несреќа што се случи попладнево околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово-Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија откако ќе заврши увидот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.