Вчера во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од с.Лабуништа пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на с.Лабуништа, информираат од МВР.
По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за С.Ф. (28) од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од висина од триесетина метри.
Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.