Петнаесет годишно девојче го загуби животот, а две лица на возраст од 20 и 21 година се повредени во сообраќајна несреќа која утринава во 04,30 часот била пријавена на излез од Струмица кон с.Дабиле.
-Патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово-струмичко, излетало од патот. На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с.Радово-струмичко. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.