Премиерот Зоран Заев вчера со голема тага се прости од својот соработник, колега и пријател, градоначалникот на Охрид кој почина.
– Загубивме колега, другар, пријател, и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид. Низ годините проф. д-р Јован Стојаноски даде огромен придонес со своето посветено работење, за академската заедница, за Охрид, за локалната заедница и за СДСМ. Не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат тагата. Сочувство до фамилијата и до најблиските. Нека почива во мир, напиша Зоран Заев на својата официјална страница на Фејсбук и сподели фотографија со починатиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.