Пет години забранет влез во Република Македонија и протерување од Македонија доби еден од поставувачите на албанското знаме денеска во Охрид.

Денеска на Самуиловата тврдина беше поставено албанското знаме, исто како во Скопје во 2013 година, за празникот на 28 ноември. Организаторот на пречекот на гостите од Италија, Шпетим Положани, информираше дека некој случајот го пријавил во полиција и тие веднаш се повлекле.

И во 2013 година, кога албанското знаме беше поставено во скопското кале, интервенираше полиција и беше отстрането по неколку минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.