Забава со танчерки по маси и пејачки, затекнале пазарните инспектори доцна вечерва во гостиварски ресторан, објави „А1он“. При контролата која била спроведена, биле затекнати 12 девојки, од кои 5 се странски државјанки.
Ресторанот бил полн со гости, а забавата била веднаш прекината од инспекторите. Во локалот била интервенирала и полицијата, а приведен е газдата кој е спроведен во полициска станица.
Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски ја потврдува акцијата на инспекторите и вели дека го затвориле ресторанот на 30 дена, а ќе поднесат и прекршочна пријава. Инспекторите ќе издадат и платни налози од над 5000 евра како казна за ресторанот каде е правена забавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.