Првообвнетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски како сведоци во своја одбрана повика неколку видни личности од естрадата, бизнисот и политиката. Нивното испрашување треба да започне следната недела но неизвесно е кој од судот ќе го обезбеди и ќе се појави на рочиштето.
Иако за денеска беше најавен бизнисменот и поранешен градоначалник Владимир Тодоровиќ, тој не дојде откако го известил судот дека од 25 до 28 февруари имал неодложни бизнис средби во Бугарија.
За утре пак е најавено присуството на Дејан Панделевски, еден од рекламерите во телевизијата на Бојан Јовановски.
Јовче Ременски, сопруг на пратеничката Фросина Ременски, треба да сведочи во корист на Боки. Неговата сопруга е обвинета во случајот со Меѓународниот сојуз, а важеше за блиска пријателка на Боки.
Во едно од нејзините последни интервјуа таа го оцени досегашниот тек на судењето како „убиство без леш“.
Како сведок е повикан и стилистот Сергеј Варошлија, кој на 1ТВ ја водеше една од најгледаните емисии.
Остана забележанo дека откако Боки отиде во притвор единствено тој на социјалните мрежи му го честиташе роденденот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.