Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 7 до 10 часот на поширокото тетовско подрачје спровеле засилена контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место. Во контролата биле откриени и законски санкционирани 20 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место.

Од нив три пречекорувања биле за над 70 километри на час, а 11 до 70 километри на час. При контролата, исто така, се санкционирани и 20 пречекорувања во населено место. Четири од нив биле до 50 километри на час – изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно пребрзите ги очекува и заштитна мерка-времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.