Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња.

При контролата биле откриени и законски санкционирани 10 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-5). Седум од возилата (ТЕ-5 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) истечена регистрација и 2 (ГВ) неизвршен технички преглед.

Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани биле и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-4).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.