Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи-Скопје во текот на вчерашниот ден (22.06.2021) од 12 до 20 часот спровеле засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на општина Сарај, при што санкционирани се 106 возачи.
18 лица управувале возило без возачка дозвола, 22 не користеле сигурносен појас, 21 користеле мобилен телефон додека управуваат возило, а изречени се и 12 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила…
Од МВР велат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.