Во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе 6 лица.
Алсат-М неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на Дурмо Турс.
Во врска со деталите за случајов, Јавното обвинителство денеска во 10:30 часот ќе одржи прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.