Бројни одговори останаа неодогворени на денешното рочиште за 27 април. Требаше да сведочат поранешни високи службеници во МВР Борислав Богдановски и Ариф Асани. Но, тие наместо конкретни, одговараа на општи прашања бидејќи немаа овластувања од минстерот за внатрешни Работи Оливер Спасовски да изнесуваат класифицирани информации и податоци.
Адвокатот Михајло Апостолски се побуни зошто не се дозволува, бидејќи за други случаи како „Монструм“ и „Таргет-Тврдина“ на сведоците им било дозволено да изнесуваат довериливи информации.
Сведокот Богдановски требаше да одговори на две клучни прашања: Дали бил соработник на Горан Живаљевиќ и дали Нинџа бил вработен во УБК од јануари до јуни 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.