Во текот на влерашниот ден на подрачјето на Скопје, со специјално возило „пајак“ се подигнати 45 автомобили поради неправилно паркирање.

Во истиот период, санкционирани се две возила бидејќи биле технички неисправни, а 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Девет возачи се казнети затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, пет возачи бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, еден возач поради поминување на црвено светло, како и двајца возачи поради неправилно престигнување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.