Во текот на вчерашниот ден, при акциска контрола на територијата на Република Македонија, се санкционирани вкупно 156 мотоциклисти.
Како што стои во соопштението од МВР, од нив, 33 возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 5 мотоцикли биле нерегистрирани, 102 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а 26 мотоцикли се исклучени од сообраќај.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Битола – 28, потоа на територијата на СВР Скопје – 22 и по 21 на териториите на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Струмица.
Од МВР напоменуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.