Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.
И.А се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил патничко моторно возило „бмв“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.