Експлодира и целосно изгоре возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков. Воизлото се сторило пепел за три минути, а за среќа нема повредени.
Оваа информација со фотографии од целосно изгореното возило ја објави на својот Фејсбук профил Стопанската комора за енергетика на Македонија.
Мансков се возел во автомобилот со сопатник на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје Север.
Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираа, но НЕ успеаја да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, соопштија од Комората.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.