Синоќа околу 21.30 часот, обезбедувач од казино бил нападнат со нож оти барал од лице кое влегувало во објектот да носи заштитна маска. За два дена ова е втор физички напад врз обезбедување кое барало да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Во понеделникот странка во банка нападнала обезбедувач и го фатила за гуша оти барал да го почитува редот за влез во банката.
Додека бил на работното место како обезбедување во казино во центарот на Велес, обезбедувачот било физички нападнат од велешанецот Д. С. кој не сакал да стави заштитна маска за да влезе во казиното. Напаѓачот употребил и нож, меѓутоа обезбедувачот го одбил нападот, по што напаѓачот го фрлил ножот и избегал во непознат правец, велат од СВР Велес.
Во 12.40 часот Б. А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б. Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од ковид-19 од страна на пријавенио, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.