Македонското МНР најостро го осуди сквернавењето на спомен-плочата “Солзата на Роза” во Охрид, поставена во сеќавање на жртвите од бродската несреќа од 2009-тата година, кога 15 бугарски туристи загинаа при потонувањето на бродот “Илинден” во Охридското Езеро.

Истовремено, од министерството соопштуваат и дека биле преземени мерки за чистење на споменикот и негово враќање во првобитната состојба, за што била известена и Бугарската амбасада во Софија.

Од министерството потенцираат дека станува збор за изолиран случај, кој не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.