Наместо да продолжи со одземањето на куќата и фармата со кози, извршителката во Штип решила да му ја врати куќата и покуќнината на земјоделецот Ристе Бањоглав од Карбиници, кој е жртва на лихвари.
Јавноста се крена на нозе кога се дозна дека поради долг од 10.000 евра кој бил вратен не еднаш туку два пати, лихвари и извршители му ја одзеле куќата и фармата на поранешниот кандидат за градоначалник на Карбинци.
Сепак, се чини правдата победи, на Ристе му биле дадени можности да ја бара правдата на вишите судови во земјата и тој е уверен дека правдата и аргументите се на негова страна и ќе успее да си ја спаси куќата и фармата за која се мачел и печалел преку 20 години, ако се знае и дека од рани години е растен без татко кој починал многу рано.
Инаку, Ристе Бањоглав своевремено од државата беше награден како најдобар млад земјоделец. Во 2013 година, беше и непартиски кандидат за градоначалник на Карбинци, кога со околу 100 гласови разлика тогаш изгуби од Зоран Минов од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.