За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби и ќе мора да го напуштат МВР со што би се распределиле во други државни институции, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерот рече дека вработените во УБК кои не аплицирале за новата агенција остануваат во МВР, а оние кои не го поминале ветингот одат во други институции.
Работиме на подготовка на систематизација со цел да добијат решенија во МВР, освен за оние за коишто има утврдено безбедносен ризик кои ќе мора да го напуштат Министерството за внатрешни работи и да бидат префрлени во други институции од коишто ќе бидат прифатени, истакна Спасовски.
Од сведоците во случајот Таргет-Тврдина, луѓето кои ги открија и изнесоа од Управата нелегално снимени материјали „бомбите“ само Звонко Костовски аплицирал и е примен во Агенцијата за национална безбедност, додека пак Лазаревски воопшто не аплицирал и останува во МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.