Вработена во амбулантата во ковид центарот во Градската општа болница „8 Септември“ вчера пријавила дека пред пет дена била нападната на работното место.

МВР соопшти за инцидентот без да објави повеќе информации освен тоа дека 34-годишната вработена била физички нападната од едно лице на 13 месецов.

Полицијата работи на расчистување на случајот што се случил во ковид центарот каде секојдневно има редици пациенти кои чекаат за преглед во градската болница.

Во СВР Скопје вчера пак во 23.35 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на пунктот во поликлиника „Јане Сандански“ бил донесен Р.Д. (70) од Скопје без знаци на живот.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, соопштуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.