Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против М.Ш. (43) од Скопје и Ј.К. (41) од Неготино. На 24.04.2019 во с. Копришница, демиркаписко, на место викано „Селиште“, полициски службеници при извршен претрес во викенд куќа во сопственост на второпријавениот, пронашле и одземале рачна „шок“ бомба и 62 маневарски куршуми, калибар 7,62×39мм, за кои истиот изјавил дека му биле оставени на чување од првопријавениот. По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот, вработен во МВР како ракувач со материјални средства и опрема, противправно ги присвоил горенаведените предмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.