Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги вчера на работното место со нож нападнал колешка. Според неофицијални информации, напаѓачот, но и нападнатата се лица од албанско етничко потекло.

Од МВР, за „Нетпрес“ го потврдиле случајот.

На 09.01.2019 во 14.48 часот, Ш.Т. пријавила дека во канцеларија на ул.„Македонија“ на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги, нејзиниот колега Н.З. почнал вербално да и се заканува, а потоа и се заканувал и со нож. Полициски службеници излегле на местото на настанот. По целосно документирање на случајот против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.