Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во близина на бензинската пумпа на влезот на населбата Драчево во Скопје. Според се уште непотврдени информации, три лица починале на лице место а уште две им подлегнале на повредите на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.
До несреќата дошло кога мал автомобил Рено 5 во се уште неутврдени околности директно се судрил со камион за собирање на смет кој веројатно се движел кон депонијата Дрисла.
Очевидци тврдат дека Реното се движело со поголема брзина при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет. Што точно се случило ќе утврди истрагата. Голем број вештаци вечерва беа на терен и собираа докази. Три возила на погребално претпријатие дојдоа да ги однесат телата на починатите.
Од МВР се уште нема официјална потврда за информациите. Тие се најавуваат во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.