Фотографии од мало куче обесено на дрво ги згрози жителите на Демир Капија. Фотографиите се споделени на социјалната мрежа фејсбук на страницата Шепасти Ентузијасти.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај!
Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.
Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?
ОВА Е СЕКОЈДНЕВИЕТО НА НАШАТА МИЗЕРНА ДРЖАВА!
ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ? ДАЛИ ВИЕ ИМАТЕ ЕМПАТИЈА? ДАЛИ ВИЕ ВООПШТО ИМАТЕ ЧУВСТВА?!??
Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества!
Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ. Доколку некој има дополнителни информации околу истиот, Ве молиме да не контактирате на contact@pawesomenthusiasts.org
Морбидните фотографии предизвикаа бурни реакции кај јавноста која бара да реагира Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.