Возилото со кое ноќва управувал Благоја Георгиевски – Буштур е уништено, откако се забило во бетонските жардиниери на средината на коловозот на булеварот „Србија“. Легендата на македонската и југословенска кошарка загинал на лице место од силината на ударот.
Претходно ноќва порталот „24 Инфо“ јави дека Буштур загина во тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода.
Благоја Георгиевски – Буштур, роден на 15 октомври 1950 во Скопје, е поранешен македонски кошаркар и југословенски репрезентативец.
Својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига и со кој ги постигнал најголемите успеси. Георгиевски беше и селектор на Македонија и тренер на МЗТ Скопје, како и претседател на стручниот совет на МКФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.