Единаесетгодишно дете е тешко повредено откако вчера во 15.45 часот во с.Ракитец, во него удрило патничко возило „мицубиши пајеро“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(54) од с.Ракитец.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Радовиш за укажување на лекарска помош, соопштија од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.