Скопјанец е тешко повреден откако вчера во 12:20 часот на паркинг простор на бул.„Партизански одреди“ во Скопје во него удрило патничко возило „фолксваген“, со шведски национални ознаки.

Како што соопштија од МВР, автомобилот бил управуван од непознато женско лице, кое удрило во пешакот В.Т.(76) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил пешакот В.Т., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.