На локалниот пат во населбата Теферич во Струга вчера во 16,20 часот, Ф.Б.(39) од селото Шум управувајќи возило „опел астра“ изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишниот сопатник од селото Шум кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.