СВР-Битола соопшти дека синоќа во 21:20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред селото Радобор се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку државјани на Република Турција.

Во сообраќајката учествувал патничко возило „форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (44) од село Канатларци, Прилепско излетало од патот и притоа во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.Џ. и сопатниците Е.Џ. (29) од селото Канатларци и тројца државјани на Република Турција, односно М.З. (21), М.С. (20) и А.Д. (22). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Викендов во Битола извршени се и 613 сообраќајни контроли за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство и утврдено е дека 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 36 возачи од исконтролираните возила, тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а  четворица други не користеле сигурносен појас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.