Возило се запалило во гаража во куќа во Свети Николе. Според информациите од МВР, возилото било сопственост на 58-годишниот Д.Ф..

На 29.01.2021 во 15.40 часот било пријавено дека во Свети Николе, на ул.„Улоф Палме“, во гаража од куќа, сопственост на Д.Ф.(58), настанал пожар во неговото патничко возило „сеат кордоба“, со светиниколски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, стои во билтенот на МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.