На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции.

Од МВР информираат дека 19 мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола, седум за возач почетник и четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.