Полицијата привела тројца турски државјани, возачи на камиони, кои се обиделе да влезат во земјата на Граничен премин „Деве Баир“ со фалсификувани зелени картони.
Според информациите на МВР, вчера утрото полициски службеници го привеле Ф.С.(31) од Турција, кој управувал камион „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.
По неколку часа, бил приведен уште еден турски државјанин Е.Д.(34), кој, исто така, управувал камион „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.
Подоцна бил приведен и У.Д.(49) од Турција, со ист камион и полуприколка „тирсан“ и исто така поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка, за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.