Синоќа околу 22 часот на автопатот А1 Неготино – Градско (кај археолошкиот локалитет Стоби) од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ и полициски службеници од Одделот за организиран криминал, било запрено патничко мoторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот С.А. (22) од с. Петралица, се обидел да избега, но е лишен од слобода.

Во возилото биле пронајдени 11 лица – мигранти од кои едно лице од Ирак, едно лице од Пакистан, шест лица од Авганистан и три лица од Сирија.

За случајот известен е јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.