СВР-Битола информира дека попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.
Според првичните информации, во оваа сообраќајна незгода нема повредени лица.
Од СВР Битола посочуваат дека до незгодата дошло откако пред автобусот наишол трактор и со цел да биде избегнат директен судир со поголеми последици, возачот на автобусот го избегнал судирот, но се превртел во непосредна близина на коловозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.