Во населба Три Чешми во Штип, на патот во изградба Штип – Кочани, утрово околу 4 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ сопреле товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.П.(46) и совозач Т.Р.(32) двајцата од Велес, кое претходно не застанало на даден знак.

Биле пронајдени 78 мигранти (41 од Пакистан, 26 од Авганистан, пет од Сирија, четири од Египет и две лица од Турција). С.П и Т.Р. биле лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.