Возачот на црвениот автобус на “Дурмо Турс” Маноил Трифуновски денеска бил на распит во скопското обвинителство кое ја води истрагата за сообраќајката во која загинаа 15-мина . Според извори на ТВ24 од обвинителството , неговиот распит траел многу кратко. Засега е непотврдено дали повторно  Трифуновски рекол дека не се сеќава или има друга верзија за трагедијата.  Во меѓувреме се чекаат листинзите од неговиот мобилен телефон , кои  обвинителството ги нарача за да се провери дали пред несреќата разговарал со некого или користел апликација на телефонот. Тоа е едниот правец во кој води истрагата за оваа несреќа. Вториот е вештачењето на автобусот кое го вршат професори од Машински  факултет, се утврдува во каква состојба бил  Црвениот автобус кој излета од автопатот, дали бил технички исправен. Се  собира и документацијата на компанијата Дурмо Турс, а паралелно се повикуваат на распит преживеани патници , очевидци на местото на несреќата.  Засега беше објавено дека тахографот покажал дека автобусот возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час. Но, и ова треба да се утврдува дополнително, дали уредот кој мери брзина бил исправен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.