Нема повредени лица во пожарот што избувнал во автомобил претпладе околу 10:30 часот на автопатот Тетово-Скопје. Поради пожарот изгоре патничко моторно возило марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје. Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила, информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така „мерцедес“, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.