Врнежи од снег на повисоките места во земјава. АМСМ информира дека поради лизгавите патишта од утрово е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.

Но сепак возачите се соочуваат со големи проблеми.

VOX Struga објави фотографии од излизган камион на Ќафасан, Струга.

Иналу поради врнежи од снег на патниот правец Кичево-Охрид, преку планинскиот премин Пресека, од 9.30 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.

Од 10.15 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, соошти АМСМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.