Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И. (49) од струшкото село Горно Татеши, Ј.З. (53) од селото Делогожда и Б.В. (45) од селото Велешта. Пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица – вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во сопствените приватни возила. Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.040 денари или 10.407 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.