Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека во 2021 година на сите автопатишта, регионални патишта ќе има камери и оти секој ќе мора да плати казна за направен сообраќаен прекршок.

Само пет дрегери за алкотестирање имавме во цела држава и осум апарати за мерење на брзина (радари). Моравме да набавуваме нови. За камерите, пак, кои се поставени сега во земјава, тие се во функција на државна безбедност. Во 2021 ќе реализираме камери за сообраќајни прекршоци, на територијата на цела држава, софистицирано модерно решение. На сите автопатишта, регионални патишта ќе има камери. Пробале многу да се јават за кинење казни, но кај мене не може да помине тоа. Јас сметам дека ако сме одговорни, тоа не смееме да го дозволиме. Зоран Заев, Венко Филипче, Љупчо Николовски, но и мојот татко си платија казна кога направија сообраќаен прекршок. Ги охрабрувам полицајците да го санкционираат секој прекршок, истакна министерот Спасовски.

Првиот човек на МВР потенцира дека е многу важна безбедноста во сообраќајот и оти мора да ги смениме навиките и да се подигне јавната свест.

Децата треба да се научат уште од најмала возраст како треба да се однесуваат во сообраќајот. Овој процес го видиме заедно со вас медиумите, за промоцијата на она што го правиме. Работиме репресивно, но и превентивно. Во ноември лани 714 сообраќајки, а истиот период годинава 564, има намалување за 20 проценти. Единаесет лица го загубиле животот во тој период во 2019 година, а годинава во ноември седум, намалување има за 36 отсто. За пешаците, ако споредуваме намалување, тоа е 75 проценти помалку, оние кои загинале во сообраќајки. Правиме сериозна контрола на јавниот превоз. Имаме континуитет. Полицијата на улиците ја посакуваме сите, заклучи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Студио 10



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.